Голманот на Англија, Џордан Пикфорд е најголемиот кандидат за да го добие признанието „Златната ракавица“ за најдобар голман на Евро 2020.
Ова стана јасно по синоќешното полуфинале помеѓу Италија и Шпанија, кое заврши 1:1 по 120 минути игра и го доби Италија по изведувањето пенали. Голот на Алваро Мората за Шпанија во 80-та минута значи дека Џанлуиџи Донарума нема да има повеќе од четири суви мрежи на ова ЕП.
Досега тој нема примено гол на три натпревари – против Турција, Швајцарија и Велс во групната фаза. Сепак, Пикфорд има пет суви мрежи и дури и Англија да биде елиминирана од Данска вечерва, тој не може да биде престигнат од италијанскиот голман во игри без примен погодок, што е критериум за наградата за најдобар голман на ЕП.
Досега, Пикфорд нема примено ниту еден гол на неговите претходни пет натпревари на Евро 2020 против Хрватска, Шкотска, Чешка, Германија и Украина. Доколку вечерва ја сочува мрежата сува против Данска, голманот на Евертон ќе стане првиот голман на шест натпревари без примен гол на Европско или Светско првенство

