Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто, не крие дека е задоволен од трансферот на италијанскиот интернационалец, Никола Заниоло.
Младиот фудбалер по многу перипетии на крајот заврши во турнскиот Галатасарај бидејќи не сакаше да замине во Борнмаут и воедно не сакаше да го продолжи договорот со „волчицата“.
„Борнмаут и Галатасарај дојдоа со понуди. На крајот, задоволен сум иако можевме да поминеме и подобро“ – рече Пинто.