Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е разочаран по денешните 1:1 на домашен теренер против Верона. Тој по мечот изрази надеж дека Златан Ибрахимовиќ, ќе ја надмине болеста и дека ќе биде подготвен за градското дерби со Интер.
„Му дозволивме на противникот да упати повеќе шутеви кон нашиот гол. Во иднина ќе мора да бидеме внимателни. Мислам дека по доброто прво полувреме, останавме без енергија во вториот дел“ – вели Пиоли.
„Не успеавме да победиме бидејќи многу наши фудбалери не беа на теренот. Златан прво се пожали на повреда а потоа се разболе од грип. Има добри шанси да биде подготвен за дербито со Интер“ – потенцираше рече Пиоли по мечот.