Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, очекувано ја продолжи соработката со италијанскиот шампион до 2025 година.
Тој седна на клупата на „росонерите“ во 2019 година и во претходната сезона успеа да го освои Скудетото. Затоа челниците на тимот се определија да го наградат со нов побогат договор од финансиски аспект.
Неговиот состав во тековнава сезона се наоѓа на третото место во Серија „А“ со пет бодови помалку од лидерот Наполи.