Фудбалскиот стратег, Стефано Пиоли, кој последен пат седеше на кормилото на италијанскиот Милан, може да се активира во Саудиска Арабија во екипата на Ал-Насер за која настапува Кристијано Роналдо, велат денешните информации.
Челниците на екипата од Истокот не се задоволни од работата на тренерот, Луис Кастро, кој дополнително најави дека ќе си замине уште во почетокот на шампионатот.
Пиоли е без работа од крајот на минатата сезона откако по пет години ги напушти „росонерите“ со кои освои една титула во Серија „А“.

