Фудбалерите на Милан утре ги очекува големото дерби со Лацио во Серија „А“. Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, верува дека неговите избраници може да одиграат добар натпревар против еден од конкурентите за титулата.
„Ајде да се обидеме да ја контролираме играта и да постигнеме повеќе голови. Сега доаѓаат потешките натпревари и затоа треба да бидеме порешителни. Симон Кјаер? Тој е играч кој одлично се надополнува со Алесио Ромањоли„ вели Пиоли и одговори на прашањето зошто беа загубени повеќе бодови во дуелите со послабите екипи.
„Можеме да зборуваме за лесни натпревари, но, вистина е дека во Италија нема такви. Мора да играте максимално мотивирано и да дејствувате како тим. Секој освоен бод ќе биде драгоцен“ – вели Пиоли.