Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, по двата нерешени меч во серија, вели дека екипите на Јувентус и на Интер остануваат главни кандидати за освојување на Скудетото. Неговиот тим има само бод предност пред „Старата дама“ и „нероаѕурите“.
„Имаме квалитет да се бориме со најсилните екипи. Знам дека претставуваме изнеандување, но, Интер и Јуве секогаш се гледаат како првите кандидати за титулата“ – вели Пиоли.
„На дел од натпреварите останавме без значајни фудбалери од првата постава. Мислам дека примаме многу голови, тоа треба да се корегира“ – потенцираше тренерот на Милан.

