Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, одбил понуда да седне на кромилото, на Тотенхем по отказот на Жозе Мурињо во месец април, тврди –„ Газета дело Спорт“.
Според информациите, 55-годишниот специјалист сака да ја продолжи соработката со италијанскиот тим бидејќи е задоволен од условите. Весникот додава дека искусниот стратег со 2 милиона евра по сезона, има најмала плата меѓу неговите колеги во врвните екипи во Серија А.
Пиоли кој ги презеде „росонерите“ во октомври во 2019 година, по цели седум сезони успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите.