Тренерот на Милан, Стефано Пиоли и по синоќешната победа на „росонерите“ од 1:0 против Наполи, смета дека нивниот градски ривал е прв фаворит за Скудетото. .
Милан се најде на врвот на табелата во Серија А, пред Интер кој има два бода со натпревар помалку.
„Тоа беше натпревар меѓу конкуренти, ние сме среќни, но ништо, всушност, не се промени. Имаме само еден бод повеќе, така што има уште многу работа.
Интер и понатаму е фаворит бидејќи е бранител на титулата и има натпревар помалку. Имаат многу силен тим. Колку побрзо добиеме табела каде што сите тимови имаат ист број на натпревари, толку побрзо можеме да ги процениме шансите“, изјави Пиоли.