Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги сподели своите очекувања за претстојниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер.
„Како што видовме на последните четири натпревари, во Лигата на шампионите треба да играте како тим. За да постигнете извонреден резултат, треба да вложите неверојатни напори, а ние ќе се обидеме да го направиме тоа. Се надевам дека успеав да им пренесам на играчите дека пред се е потребно правилно да се подготват, па дури потоа да се радуваат и да се забавуваат. Рафаел Леао ќе се обиде да биде подготвен. Доколку се чувствува добро, ќе може да влезе во стартниот состав. Ако не, нема да биде ни на клупата. Јасно е дека не можеме да ризикуваме. Вчера тој ја заврши планираната работа, да видиме што ќе се случи денес“, изјави Пиоли.