Тренерот, Стефано Пиоли, кој успеа со Милан да го елиминира Тотенхем и да влезе во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека „росонерите“ напредуваат во континуитет.
„Милан мора да оди чекор по чекор. Значајно беше да ја прескокнеме групната фаза и да се пласираме во 1/4 финалето. Сега ја чекаме ждрепката“ – потенцираше Пиоли по вчерашниот дуел во Англија.
„Мислам дека можевме да постигнеме погодок. Покажавме тимски дух“ – вели задоволно тренерот на италијанскиот состав.