Стефано Пиоли нагласи дека заминувањето на директорите, Паоло Малдини и Фредерик Масара, не влијае на неговата работа во Милан.
„Порано разговарав со Малдини и Масара а сега со Монкада и Фурлани. Дури и во минатото контактирав играчи кои би можеле да ни се придружат. Така што мојата работа не се промени многу“ – вели Пиоли.
„Претходно кажав што ни треба. Имам голема почит кон моите играчи но, мислам дека е време за промени“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.