Tренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не почувствува потреба дека треба да им се извини на навивачите по вчерашниот тежок пораз со 5:1 во градското дерби со Интер.
„Дали некој мисли дека намерно примивме пет голови? Жал ми е но, мислам дека треба да се извини тој што прави нешто намерно. Навистина загубивме пет меча по ред од Интер но, верувам дека ќе бидеме подобри во иднина“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.
Вчерашниот пораз беше прв за Милан во тековната сезона во Серија „А“.