Милан не успеа да слави на вчерашното гостување кај Салернитана иако ја имаше улогата на голем фаворит. Мечот заврши 2:2 а тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, вели дека неговиот тим одиграл лошо.
„Скапо ги плативме грешките откако во почетокот на вториот дел пропуштивме 2-3 убави шанси Јасно е дека сме разочарани бидејќи сакавме да победиме“ – изјави Пиоли.
Неговиот тим станува на челната позиција во Серија „А“ со 56 бодови.