Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека тој и неговите играчи не се многу задоволни од нерешените 3:3 на дербито со Рома. Милан водеше трипати, но на крајот мораше да се задоволи само со еден бод.
„Задоволен сум од перформансите на тимот. Не сакам да гледам на табелата. Нема да кријам дека на крајот не сме задоволни со овој резултат. Игравме против силен противник. Тие подобро ги користеа статичките позиции, но овој настап ни дава самодоверба. Во моментов во тимот владее позитивна атмосфера, полна со хармонија, секој дава максимум секој ден, сакам да посветам посебно внимание на духот што го покажа екипата, во овој поглед мислам дека немаме рамноправни, се надевам дека ќе продолжиме на ист начин“, рече Пиоли.

