Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не ја пропушти шансата да го потенцира одличниот настап и големата победа на теренот на Атлетико Мадрид во претпоследното коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
„Моите играчи имаат право да слават бидејќи направија одличен настап. Играа храбро и квалитетно. Мислам дека сме на добар пат, вечерва беше јасно дека тимот има зрелост“ – изјави Пиоли по вчерашниот меч во Шпанија.
„Росонерите“ кои по подолг период успеаја да се вратат во елитата на Европа, ги задржаа шансите за пласман во наредната елиминациска фаза.