Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше задоволен од промената на самодовербата и односот на тимот кога се соочува со најсилните ривали.
„Росонерите“ доцна синоќа стигнаа до бод на гостувањето кај Јувентус, а на крајот можеа дури и да стигнат до победата.
„Дојдовме во Торино да победиме. Јувентус доминираше во првите 20 минути, но како што одминуваше натпреварот го подигнавме нивото и имавме шанса да направиме целосен пресврт. Генерално, задоволен сум. Лошо беше што повторно дозволивме наивен гол, по што противникот си замина на својата половина и играше на контранапади. Позитивно, не престанавме да бараме излез од тешката ситуација. Покажавме карактер и тоа ме прави среќен“, рече Пиоли.