Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е среќен по вчерашната минимална победа против Тотенхем со 1-0 во првиот меч на стартот на елиминациската фаза во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ на стадионот – „Сан Сиро“ беа многу подобар противник и пропуштија неколку шанси да слават и поубедливо. Единствениот гол беше дело на Брахим Диаз.
„Одигравме одговорно и тимски. На дело ја видов нашата работа. Можевме да постигнеме уште некој гол“ – вели Пиоли.