Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази надеж дека вториот последователен пораз на тимот нема да биде кобен за пласман во топ 4 од Серија А. Милан доживеа тежок пораз со 0:3 од Лацио и паднаа на петтото место на табелата, иако пред почетокот на 33.коло беа второпласирани.
„Како што често се случува на овие натпревари, противникот беше поефикасен од нас во одлучувачките моменти. Пред паузата игравме добро и можевме да израмниме. Очекував повеќе од тимот затоа што ги имаме сите квалитети да покажеме врвен фудбал. После вториот голот на Лацио стана многу потешко“, објасни Пиоли.
„Ние сме добра екипа. Доживеавме болен пораз, но важно е да реагираме брзо. Ако примите ран гол против тим како Лацио, ќе му дозволите да се брани и да игра на контранапад, а тоа е она што најдобро го прават” рече тренерот на Милан.
„Не сакаме сезоната да биде разочарување за нас на крајот, па мора да се кренеме на нозе. И јас и играчите сме вознемирени затоа што натпреварот беше навистина важен. Не би рекол дека игравме ужасно, но сигурно можеме да одиграме многу подобро“, заврши Пиоли во љанализа на вчерашниот натпревар.

