Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот дуел со Атлетико Мадрид во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.
Пред средбата која ќе биде одиграна од 21.00 часот на теренот во Милано, домашниот стратег нагласи, дека се извлечени поуки од претходниот пораз на гостувањето кај Ливерпул.
„По наши грешки примивме голови на Енфилд. Мораме да играме на многу високо ниво – едноставно и брзо“ – рече Пиоли.