Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, пред решавачкиот меч со Ливерпул во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим ја научил лекцијата од првата средба кога загуби со пресврт.
„Ќе играме со еден од главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите. Научивме многу од првиот меч кај нив. Тоа е одличен состав“ – вели тренерот на „росонерите“.
Домаќините на „Сан Сиро“, прво мораат да победат а потоа да го чекаат исходот од мечот Порто – Атлетико Мадрид. Таму најмногу им одговара нерешен резултат.

