Милан одигра 2.2 против Црвена Ѕвезда во Белград и покрај тоа што имаше водство до пред самиот крај на натпреварот, а тренерот на Милан, Стефано Пиоли е задоволен што неговиот тим со позитивен резултат ќе го чека реваншот во Милано.
„Одиме дома без победа што ќе ја заслужевме, но не успеавме да ја обезбедиме. Моравме да сториме повеќе против десет играчи на противникот и да не дозволиме толку многу простор за Црвена звезда. Нашиот пристап беше точен и направивме доволно за да заминеме со успех, но не го извлековме максимумот од ситуацијата. Можевме да постигнеме и трет гол, но најмногу од сè не можевме да дозволиме второ израмнување. Сепак, ремито 2:2 е позитивен резултат на гостински терен од првиот натпревар“ рече Пиоли.
Секако овој резултат му оди во прилог на Милан за реванш натпреварот на „Сан Сиро“, а за да поминат понатаму ќе му биде потребна минимална победа или нерешен резултат 0:0 или 1:1.