Денеска ни претстои уште интересна фудбалска вечер сои првите четврфиналени средби во Лигата на Европа. Еден од најинтересните дуели во оваа фаза е соседското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Спортинг. Двата тима од Пиринеите се борат за место во полуфиналето, а позицијата на фаворит ја задржуваат домашните, кои се еден од главните фаворити за освојување на натпреварувањето.
Вториот голем фаворит Арсенал на својот „Емирати“ го пречекува рускиот гигант ЦСКА (М). Лондончани се надеваат дека е успеат да направат комотна предност пред реваншот во Москва следната недела.
Необична ќе биде пресметката меѓу Лацио и Салцбург, со оглед на тоа што Австријците импресионираа со настапите, а Лацио ќе се обиде да продолжи на патот до големото финале кое е примарна цел на клубот сезонава. Во последниот меч, се среќаваат Лајпциг и Олимпик Марсеј. Дуел на два одлични тима, подготвени да направат уште еден чекор кон финалето.