Фудбалерите на Јувентус денеска ќе излезат на мегдан со Специја а нивниот тренер, Андреа Пирло, нагласува дека не смее да се потцени противникот. „Старата дама“ заостанува во трката за титулата во Серија „А“ и затоа секој бод е драгоцен.
„Специја постигнаа неочекувани резултати против големите екипи. Ќе биде навистина тежок меч кој има големо значење за нас бидејќи мораме да продолжиме во битката за Скудетото“ – вели Пирло.
„Моите фудбалери тренираат напорно и сакаат да ја освојат титулата. Тука не треба да се сомнева никој“ – изјави тренерот на Јувентус.