Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, го пофали Пауло Дибала кој успеа да се запише во листата на стрелците на вчерашното гостување кај Џенова.
„Старата дама“ со победата од 3:1 се доближи на 4 бодови до лидерот Милан кој има 27 бодови. Во врвот се уште и Интер со 24 бода и Наполи кој има 23 бода колку и Јуве.
„Се соочивме со тим кој навистина се бранеше многу добро. Затоа моравме да бидеме трпеливи и истовремено да притискаме агресивно. На Пауло му требаше тој гол. Тој се прилагоди многу добро во двете фази од играта, одбраната и нападот, сите сме среќни за него“ – изјави тренерот на Јувентус
