Легендарниот фудбалер на Италија, Андреа Пирло, кој остави белег додека настапуваше за Милан и за Јувентус, вели дека имал шанса да заигра за Барселона, но, тогашниот прв човек на Италијанците, Силвио Берлускони, категорично ги одбил сите понуди.
„Разговарав со Гвардиола кој ми рече дека Барселона е со километри подалеку од сите други клубови, што подоцна се покажаа точно. Бараше фудбалер во средниот ред кој ќе игра со Чави, Иниеста, Бускетс… и кој ќе знае да соработува со Меси. Според него, тоа бев само јас“ – вели Пирло кој се потсети на неколку интересни моменти од неговата богата кариера.
„Да бидам искрен, да се прашував само јас, со ползење ќе одев до Барселона. Сепак, други нешта одлучија како ќе ми се развива кариерата“ – додава Пирло кој цели 10 години беше дел од тимот од Милано.