Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека неговиот тим не се има отпишано од титулата во Серија А и ќе се бори до крајот со лидерот Интер за трофејот.
Поранешниот играч за врска зборуваше по победата над Кротоне со 3:0, со што „бјанконерите“ се вратија во топ 3 на табелата. Два гола за успех постигна Кристијано Роналдо, а еден Меккени.
„Почнавме нервозно заради најновите резултати, но потоа головите ни дадоа мир и игравме подобро. Најважно е што ги освоивме трите бода на домашен натпревар. Во сабота имаме натпревар со Верона и само после тоа можам да кажам на кои играчи ќе можам да сметам на реванш со Порто во Лигата на шампионите. Интер е лидер и сите по него на табелата се претенденти. Ние сме меѓу нив, но ќе се бориме до последното коло да ја одбраниме титулата“, изјави тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.