Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ја одведе својата екипа до финалето на Купот на Италија во неговата прва сезона на кормилото на клубот.
Ова се случи по нерешените 0:0 на реваншот со Интер и продолжи по успехот со 2:1 на првиот натпревар. Пирло призна дека ова е една од целите кои ги постави при преземањето на тимот, но додаде дека „бјанконерите“ сè уште не постигнале ништо и дека имаат уште работа.
„Се надевав дека ќе стигнам овде. Како дебитант, се надевав дека ќе го освојам Суперкупот, ќе стигнам до финалето на Купот на Италија и 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Како фудбалер, сè беше полесно, кога завршува натпреварот е крај, но како тренер, морам веднаш да започнам да размислувам за следниот натпревар, да размислувам за 30 различни работи. Досега не сме постигнале ништо. Сега треба да се одмориме и да започнеме со подготовките за следниот натпревар во недела“, рече Пирло.