Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, очекува сигурна победа на утрешниот меч со Сасулоло во рамките на Серија „А“.
„Не чека тежок натпревар бидејќи Сасуоло е многу добар тим кој игра заедно неколку години. Роберто Де Дерби е одличен тренер. Пред се, мора да бидеме фокусирани кога тие се со топката. Јасно е дека чувствуваме притисок“ – вели тренерот на „старата дама“.
„Милан е победнички тим и лидер. Победата беше значајна, но, ако не победиме утре, се тоа ќе биде залудно. Ако не постигнеме добар резултат, направеното на „Сан Сиро“ ќе нема значење“- рече Пирло на денешната прес-конференција.

