Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, по вчерашниот пораз на домашен терен од Милан, вели дека нема намера да си поднесе оставка. „Старата дама“ на три кола пред крајот на шампионатот, се наоѓа во лоша позиција во трката за место во ЛШ.
„Многу нешта не функционираа на мечот со Милан. Ќе треба да направиме добра анализа. Немам намера да се повлечам“ – вели Пирло.
„Треба да се направат одредени промени во последните три кола. Ќе се бориме до крајот за да успееме да влеземе во Лигата на шампионите“- нагласи тренерот на Јуве.

