Предводникот на Јувентус, Андреа Пирло го коментираше испаѓањето на неговата екипа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите по победата над Порто, но завршувањето на нивниот настап во оваа фаза.
„Ова е игра – и се случува. За мене ова е прв пат, тоа е лошо, но мора да ги засукаме ракавите знаејќи дека е само март и имаме млади играчи кои растат со секој натпревар и даваат се од себе. Повеќе би сакал да останевме во Лигата на шампионите. Сепак, сега кога сме во таква ситуација, можеме да работиме на различни аспекти на тренинг, за кои сè уште немавме време оваа сезона и да се обидеме да ги подобриме нашите перфоманси“, изјави Пирло по натпреварот.
Јувентус и покрај победата од 3:2 по продолженио сепак е елиминиран затоа што Порто постигна гол повеќе на гостински терен.

