Една од легендите на Јувентус, Андреа Пирло, вели дека неговиот наследник Миралем Пјаниќ се стопил во сивилото на екипата која вчера беше елиминирана од Ајакс во 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
„Јувентус навистина беше добар во првиот половина час, но, по голот на противникот, не успеа да се врати во ритам. Мислам дека Пјаниќ изгледаше преморено а истото се однесува и на Бернардески. Ајакс заслужено се пласираше понатаму!“, рече легендарниот Пирло за „SkySport“.
Пирло со „старата дама“ беше дел од финалето на Лигата на Шампионите во 2015 година кога загуби од Барселона.