Андреа Пирло кој ја има првата сезона како шеф на стручниот штаб на Јувентус, вели дека е максимално мотивиран да ги забележи првите успеси во тренерската кариера.
„Работев со одлични фудбалски тренери – Мирчеа Луческу, Марчело Липи, Карло Анчелоти, Антонио Конте, Масимилијано Алегри. Имав среќа да работам со тренери од светска класа. Се обидов да „украдам“ по малку од сите“ – вели Пирло
Неговиот тим на стартот на сезоната во Серија „А“ има една победа и еден нерешен резултат.