Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес доби нов партнер пред историскиот настап на Европското првенство на нашата сениорска репрезентација. Пивара Скопје е компанијата која се здружи со фудбалските работници и под мотото „Заедно и се е можно“ ќе се обиде да помогне во испишување уште една историја за фудбалот во Македонија.
На настанот на кој ФФМ и Пивара Скопје склучија соработка беше промовирана и химната „Одиме на Европско првенство“ која е во изведба на ВИС Рисови. Меѓу присутните беа првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини, како и Горан Сладиќ, генералниот директор на Пивара Скопје.
„Дозволете да Ви се обратам во мое име и во име на ФФМ. Ми претставуав огромно задоволство што нашата репрезентација и куќата на фудбалот добиваат нов партнер во името на Пивара Скопје. Не радува тоа што еден од најпрепознатливите наши брендови, славното Скопско, станува дел од фудбалското семејство. Ова партнерство, на некој начин, заеднички го заслужуваме. Претставува дефиниција за успех и нови победи. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи на своја страна, а нашиот национален тим како никогаш досега има поддржувачи на своја страна. Со ова партнерство, Пивара Скопје стана член на фудбалското семејство. Верувам дека заедно ќе се радуваме на нови победи и со душа и срце ќе ги бодриме фудбалерите и исто ќе славиме со „на здравје, за нови победи!“. Благодарност до сите што помогнаа ова партнерство да стане реалност. Напред Македонија“, рече претседателот Мухамед Сејдини.
Од страна на Пивара Скопје на присутните им се обрати генералниот директор Горан Сладиќ кој го четиташе големиот успех на Макеоднија со ппласманот на ЕП и ја најави поддршката од една од најуспешните компании во нашата држава.
„Дозволете ми во свое име и во име на Пивара Скопје да честитам на репрезентацијата на феноменалниот успех, тоа е местото на ЕП. Скопско е долги години партнер на спортот, веќе 40 години можеби сме партнер на нашата репрезентација, а од денес официјално стануваме и партнер на фудбалската федерација. Ако постои најдобар збор што за нас тоа значи, ние сме горди и среќни што можеме да бидеме дел од историја и убава приказна наречена Европско првенство. Сигурни сме дека нашите играчи ќе дадат се од себе на ова првенство да покажат дека заедно се е можно, зборовите кои се слоган на нашето партнерство, а ние ветуваме дека Скопско и сите љубители на пивото ќе бидат најогнените навивачи и заедно со нив“, изјави Сладиќ.
Како благодарност од ФФМ до Пивара Скопје, претседателот Сејдини му подари и персонализиран дрес на Сладиќ.