Напаѓачот Клаудио Пизаро ќе ја игра својата 21-ва сезона во Бундеслигата по потпишувањето на едногодишниот договор со Вердер Бремен.
Перуанецот, кој во октомври ќе влезе во 40-та година , минатата сезона играше за Келн, кој испадна од елитата. Шесткратниот шампион на Германија со Баерн Минхен, по петти пат се приклучи на екипата на Вердер Бремен, откако претходно го носеше дресот на оваа екипа во 1999, 2008 (Позајмен од Челзи), 2009 и 2015.
Клаудио Пизароој има одиграно 446 натпревари во Бундеслигата, а постигнал 192 гола.