Играчот од средниот ред на Јувентус, Марко Пјаца најверојатно ќе се пресели во Фиорентина. Италијанските медиуми јавуваат дека преговорите се пред крај.
23-годишниот репрезентативец на Хрватска исто така посакал да замине во клуб каде ќе добие поголема минутажа, па затоа понудата на „виолетовите“ изгледа одлично.
Двата клуба имаат постигнато договор и наскоро Пјаца ќе се пресели во Фиренца. Првично, Фиорентина ќе го добие фудбалерот на позајмица на една година, со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната за 20 милиони евра.