Фудбалерот на Барселона, Миралем Пјаниќ, кој беше испратен на позајмица во Бешикташ, отворено проговори за лошата ситуација на стадионот – „Кам Ноу“. Тој во разговор за – „Беин Спорт“ истакна дека најверојатно Куман е главниот проблем во шпанскиот тим и дека тоа треба веднаш да се промени со ново име на клупата.
„Барселона поминува низ тежок период. Јасно е дека навивачите се разочарани од резултатите и тоа прави притисок врз фудбалерите. Таму треба да има вистински лидер“ – вели Пјаниќ.
Интернационалецот од БИХ има кој одиграно 30 натпревари за Барса, има договор со каталонскиот клуб до 2024 година.