Босанскиот интернационалец во редовите на Јувентус Миралем Пјаниќ имаше одличен натпревар на мечот со Парма, кој „бјанконерите” го добија со 2:1, а статистиката на искусниот фудбалер по натпреварот е повеќе од импресивна.
28-годишниот играч беше на теренот 72 минути, во кои ја додаде топката 66 пати. Оваа бројка не значни ништо, но интересен е фактот што Пјаниќ не погреши ниту еднаш во додавањето. Тој е единствениот фудбалер кој не забележа погрешно одиграно додавање на овој натпревар од третото коло во Серија А.
Интересно е да се напомене дека Емре Чан, кој го замени Босанецот, исто така, направи 20 точни додавања од 21 обид. Повеќето додавања на ова асредба од нив имаше само Леонардо Бонучи (77).
Вкупната статистика покажува дека фудбалерите на Јувентус имале вкупно 630 додавања, додека противникот само 325 во текот не целиот натпревар.