Она што го најавивме пред неколку дена веќе е официјализирано, Миралем Пјаниќ ќе ја продолжи кариерата во Турција.
Познато беше дека Миралем Пјаниќ нема иднина во Барселона, а показател за тоа е инсистирањето на клубот играчот за врска да си замине уште ова лето.Роналд Кумано јасно кажа дека нема да смета на Босанецот и дека тој може да си замине. Откако заврши преодниот рок во најсилните фуднбалски лиги во Европа, на Пјаниќ му остана д априфати некоја понуда од Турција или Русија, а тој с еопредели за Бешикташ од Турција.
Турскиот гигант го добива Пјаниќ на едногодишна позајмица, со опција за целосен откуп на крајот од сезоната. Јувентус долго време разговараше за негово враќање во тимот, но на крај до тоа не дојде, па босанскиот интернационалец ќе замине во друг правец.Во кариерата Пјаниќ настапуваше за Мец, Олимпик Лион, Рома, Јувентус и Барселона.