Играчот од средиот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ имаше важна улога во победата на неговата екипа на гостувањето кај Бреша (1:2).
Босанскиот интернационалец беше стрелец на вториот гол кој се покажа како решавачки за ппобеда на неговата екипа на ова гостување. Паоло Дибала изведе слободен удар, топката од живиот ѕид дојде до Пјаниќ кој шутираше прецизно за водство на неговата екипа.
Но она што остави посебен впечаток на оваа средба е статистиката на Миралем Пјаниќ кој имал вкупно 108 успешни додавања на оваа средба, што преставува рекорд за еден играч од среден ред од почетокот на сезоната во Серија А.
Ова е уште една потврда за тренерот Маурисио Сари дека во никој случај не може лесно да се откажува од Пјаниќ.