Англиската Премиер лига го раскина договорот за телевизиски права со кинескиот провајдер за видео стриминг преку Интернет, ППТВ.
Британскиот весник – „Дејли меил“, објави дека ППТВ не платила 160 милиони фунти за права што требаше да се исплатат во март. Тогаш Премиер лигата беше прекината поради пандемијата на корона-вирусот. Договорот меѓу Премиерлигата и ППТВ беше потпишан пред четири години. Потоа беше објавено дека кинеската компанија ќе плати околу 523 милиони фунти за да ги добие правата за пренос од англискиот шампионат за три години.
Договорот стапи на сила на почетокот на сезоната 2019/2020. Тоа е голем удар за клубовите кои очекуваа одлична сума од приходите од интернет-преносите.

