Денеска се одиграа пет меча од 2. коло во првата македонска фудбалска лига. Дербито во Скопје меѓу Вардар и Шкупи го реши бразислкиот напаѓач Нилтињо, кој во 79. минута ги доведе гостите во водство од 0:1, што на крајот беше и конечен резултат на мечот.
Сигурна победа за Силекс против Работнички од 2:0, а уште поубедлив беше Тиквеш на гости кај Гостивар совладувајќи го со 3:0. Втора сезонска победа обезбеди и Брера Струмица.
ПМФЛ – 2.КОЛО
ВАРДАР – ШКУПИ 0-1
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1-0
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0-3
БРЕРА СТРУМИЦА – ВОСКА СПОРТ 2-0
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (30.08.2023)