Рускиот шампион Зенит, за првпат по цели 16 години прими три гола во прво полувреме и на крајот го загуби денешниот меч од руската Премиер лига на гостување кај Оренбург (3:1).
Последен пат тимот од Санкт Петербург пред пауза на натпревар од руското првенство проми три гола против Спартак Москва пред 16 години. Оттогаш Зенит одигра 472 натпревари.