Англиски Њукасл за првпат по 20 години ќе игра во Лигата на шампионите. Тренерот на тимот Еди Хау синоќа ремизираше со Лестер (0:0) во 37. коло од шампионатот во Англија и успеа и математички да обезбеди место кое води во ЛШ.
Њукасл се квалификуваше за главниот турнир во Лигата на шампионите за првпат по сезоната 2002/03. Тогаш тимот го заврши својот настап во март 2003 година на тогашната втора групна фаза. Во сезоната 2003/04, Њукасл играше во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, но не се пласираше во групната фаза. Таа сезона клубот стигна до полуфиналето на Купот на УЕФА.