Една од легендите на Јувентус, Клаудио Маркизио, денеска по 25 години поминати во клубот заминува од редовитена „Старата Дама“. Како што објавија од клубот, двете страни се договориле за прекин на соработката.
32-годишниот Маркизио е во првиот тим на Јуве од 2005 година и заминува од клубот по 389 одиграни натпревари и 37 постигнати гола.
Јувентус му се заблагодари на Маркизио за неговата верност. Засега не е објавено дали и каде Маркизио ќе ја продолжи кариерата.