Серијата натпревари на кои Барселона редовно успеваше да постигне гол заврши синоќа на „Стемфорд Бриџ“. Каталонскиот тим претрпе пораз од Челзи со 3-0 во петтото коло од Лигата на шампионите и ова е прв меч во кој Барселона не успеа да постигне погодок од 15 декември 2024 година, кога загубија со 1-0 од Леганес.
Оттогаш, Барса постигна барем еден гол во 53 последователни натпревари.
Барселона не успеа да постигне гол во натпревар од Лигата на шампионите за првпат од 7 ноември 2023 година, кога загуби со 1-0 од Шахтјор. Оттогаш, Каталонците постигнаа гол на 22 последователни натпревари од Лигата на шампионите, што е нивна најдолга серија на постигнати голови во натпреварувањето по оние 29-те натпревари на кои постигнаа голови меѓу 2009 и 2012 година.

