Некогаш еден од најдобрите млади фудбалери во Премиерлигата, Деле Али, го напушти Тотенхем. Синоќа по полноќ, од лондонскиот клуб ја потврдија веста за негово заминување и трансфер на „Гудисон Парк“ како едно од новите засилувања за Евертон.
Деле Али по 6,5 години престој во Лондон се пресели кај „карамелите“ со договор на 2,5 години. За неговиот трансфер Евертон нема да плати ништо, иако тој имаше договор со Тотенхем до 2024 година.