Јувентус поради поразот во натпреварот од 5.коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА од Бенфика (3:4), ја прекина импресивната серија со пласман во елиминационата фаза во ова натпреварување.
Јувентус беше во нок-аут фазата во Лигата на шампионите осум последователни сезони од сезоната 2013/2014.
Сезона 2013/2014 – испаѓање во групна фаза (полуфинале на Лига Европа).
Сезона 2014/2015 – финалист на турнирот.
Сезона 2015/2016 – испаѓање во 1/8 финална фаза.
Сезона 2016/2017 – финалист на турнирот.
Сезона 2017/2018 – испаѓање во 1/4 финална фаза.
Сезона 2018/2019 – испаѓање во 1/4 финална фаза.
Сезона 2019/2020 – испаѓање во 1/8 финална фаза.
Сезона 2020/2021 – испаѓање во 1/8 финална фаза.
Сезона 2021/2022 – испаѓање во 1/8 финална фаза.
Сезона 2022/2023 – испаѓање во групната фаза .
Во последното коло од групната фаза Јувентус ќе мора да оди на победа против ПСЖ доколку сака да ја задржи третта позиција и обезбеди пласман во Лига Европа, тимот од Торино има ист број на бодови како Макаби Хаифа.