Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското фудбалско првенство совладувајќи ја Англија во финалето со резултат 2:1. Победникот беше решен во второто полувре. Во 47. минута Шпанија поведе преку Нико Вилијамс, Англичаните се вратија во 73. минута преку Кол Палмер за 1:1, а одлуката падна во 86. минута по молскавична акција во три потези, која ја заврши Микел Ојарзабал со гол за 2:1.
Шпанија сосема заслужено победи и ја освои четвртата титула европски првак. Црвената фурија претходно беше првак и во 1964, 2008 и 2012 година. Ова беше второ последователно финале на ЕП и втор пораз за Англичаните.

