Со победата над Ренова од 2:0, екипата на Шкупи и математички е недостижна на првото место на табелата оваа сезона во ПМФЛ. Чаирчани по пауза од две децении повторно се шампиони.
Тимот на Гоце Седлоски со денешниот триумф направи предност од 13 бода пред Академија Пандев на четири кола пред крајот и сосема заслужено ја освоија шампионската круна.
Фудбал, ПМФЛ – 29.коло
Шкендија – Македонија ЃП 3:1
Шкупи – Ренова 2:0
Струга – Пелистер 4:0
Тиквеш – Борец 5:0
Вчера
Академија Пандев – Брегалница 2:1
Работнички – Скопје 0:1